Хрватскиот автомобил Nevera се запиша во Гинисовата книга на рекорди

- Advertisement -

Rimac Nevera досега веќе собори многу рекорди – од рекорд за забрзување и кочење до поставување рекордно време на кружната патека Нирбургринг, а сега тој автомобил влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Ова достигнување на Nevera се случи на Automotive Testing Papenburg во Германија пред еден месец, а брзината која ја оствари возејќи наназад изнесуваше дури 275,74 км/ч, Брзината ја потврди Гинисовата книга на рекорди, а мерењето на податоците го потврди Dewesoft.

- Advertisement -

Така, Nevera сега официјално ја држи титулата Гинисов рекорд за најголема брзина во возење нананзад. Интересно е тоа што достигнувајќи ја таа брзина, односно пробивајќи ја границата од 250 км/ч, Lamborghini Miura во 1967 година стана најбрзиот автомобил од сериско производство на светот, но за возење нанапред.

Од Rimас објаснија во што е предноста на Neverа во однос на автомобилите со внатрешно согорување, но и на некои електрични автмобили. Погонот на Neverа нема брзини – четири поединечни мотори одат или напред или наад. Тоа значи дека истиот погон кој е способен за забрзување нанапред од 0 до 160 км за 3,21 секунди или од 0 до 320 км за помалку од 11 секунди, исто така може да даде слични импресивни перформанси и возејќи наназад.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -