Британци направија е-читач за слепи луѓе

- Advertisement -

Британската компанија Bristol Braille Technology годинава планира да лансира е-читач на Брајово писмо за слепи луѓе, што би требало да придонесе за квалитетот на нивното искуство при читање и да ги поштеди за со себе да не мода секогаш да носат класични книги.

Брајовото писмо е тактилен облик на букви, различни правописни знаци, бројки, математички и музички знаци со кои пишуваат слепите. Писмото го создал слепиот оргуљаш и учител за слепи деца Луис Брај во 1829 година.Тоа писмо им овозможува на милиони спели и слабовидни луѓе да читаат.

- Advertisement -

Но, Брајовото писмо во пишана форма не е прикладно и не е едноставно за пренесување. На пример, Библијата на Брајово писмо може да биде широка и до метар и пол. Токму затоа компанијата Bristol Braille Technology се надева дека ќе ја промени таа реалност со својот нов е-читач за слепи Canute 360. Станува збор за првиот е-читач на Брајово писмо во светот, односно е-книга која истовремено прикажува девет редови текст или околу една третина од страница со регуларно писмо.

Тоа значи дека ќе треба да се притисне копчето „напред“ („forward“) по секои 360 знаци, а не по секои 20. При читање на Canuteu се „освежува“ секој нов ред почнувајќи од горе надолу, па слепите луѓе ќе можат да читаат речиси веднаш кога ќе притиснат на копчето за напред. Кој било текст преведен на Брајово писмо ќе може да се чита на Canute, а тоа значи многу материјал за чистање.

- Advertisement -

Бројот на слепи луѓе кои денес знаат да читаат Брајово писмо е многу помал делумно поради развојот на аудиотехнологијата. Но, компанијата Bristol Braille смета дека читањето на Брајово писмо значително ја зголемува стапката на писменост и ги развива математичките вештини меѓу слепите.

Продажбата на конечниот прототип на Canute ќе почне годинава, а цената на е-читачот за слепи ќе биде слична на висококвалитетните преносни компјутери.

Сподели!
- Advertisement -