Huawei денес официјално го претстави својот нов 5G чипсет Balong 5000 заедно со својот прв 5G уред – Huawei 5G CPE Pro. Двата производи заедно го воведоа најбрзото безжично решение за вашиот паметен телефон и останатите уреди во вашиот дом или канцеларија
Balong 5000 официјалано ја поставува новата ера на 5G технологијата. Освен смартфоните, чипсетот поддржува широк спектар на 5G производи, вклучувајќи ги и монтираните уреди во автомобилите. Чипсетот ги отвора вратите за сосема нови сценарија базирани на 5G технологијата.
„Balong 5000 им открива на потрошувачите еден нов свет“, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Овој чипсет ќе го подобри квалитетот на услугите и ќе обезбеди брза конекција за функционирање на вештачката интелигенција. Huawei 5G CPE Pro им нуди на потрошувачите подобар пристап до интернет и неверојатна брзина на прегледување. Huawei нуди интегриран спектар на услуги во областа на чипови, уреди, cloud услуги и мрежи. На оваа основа и како лидер во сферата на 5G технологијата, ќе им обезбедиме на потрошувачите инспиративно и интелигентно корисничко искуство кое ќе има влијание во секој аспект од нивниот живот “, додаде Ју.
Balong 5000: Смело навлегување во ерата на 5G
Со висок степен на интеграција, Balong 5000 поддржува 2G, 3G, 4G и 5G на еден чип. Тоj ефикасно ја намалува латентноста и потрошувачката на енергија на размена на податоци во различни режими и значително го подобрува корисничкото искуство во раните фази на распоредување на 5G технологијата. Balong 5000 бележи многу важен момент во историјата на развојот на чипсетови од серијата Balong.
Balong 5000 е првиот чипсет со забележани врвни резултати за брзина на преземање податоци од 5G технологијата. Со фреквенција помала од 6 GHz (спектар со ниска фреквенција, главно користен за 5G мрежите), Balong 5000 може да постигне брзина на преземање од 4,6 Gbps. Balong 5000 може да постигне брзина на преземање од 6,5 Gbps – 10 пати повисока од најдобрата 4G LTE брзина во моментов достапна.
Balong 5000 е исто така првиот чипсет кој поддржува 5G мрежни архитектури од типот SA и NSA (самостојна и несамостојна архитектура). При NSA, 5G мрежата се гради над веќе постоечката 4G LTE мрежа, додека при SA, како што и кажува називот, станува збор за целосно независна архитектура. Флексибилноста на Balong 5000 овозможува задоволување на потребите на операторите, без разлика во која фаза се развиваат нивните 5G мрежи.
Balong 5000 е првиот чипсет кој поддржува Vehicle to Everything (V2X) комуникација, обезбедувајќи ниска латентност и сигурни решенија за автомобилите поврзани со интернет врска. 5G смартфоните на Huawei, засновани на Balong 5000, ќе бидат прикажани на овогодинешното издание на “Mobile World Congress” во Барселона.
Huawei 5G CPE Pro: Менување на корисничките искуства во домашните интернет мрежи
Базиран на Balong 5000, Huawei 5G CPE Pro исто како што ја поддржува 4G мрежата, така ја поддржува и 5G мрежата. Во 5G мрежата, висококвалитетна видео-датотека од 1GB може да се презема за три секунди, а 8K видео може да се проследува без попречувања. Тоа поставува нов стандард за домашните интернет мрежи. Покрај тоа, Huawei 5G CPE Pro може да се користи од страна на малите и средни претпријатија кои имаат потреба од супер брза интернет конекција.
Поддржувајќи ја новата Wi-Fi 6 технологија, Huawei 5G CPE Pro испорачува до 4,8 Gbps. Тоа е првиот 5G CPE за поддршка на Huawei HiLink протоколите воведувајќи ја во домовите новата 5G ера.
Како пионер во 5G индустријата, Huawei започна со своите истражувања во оваа област уште во 2009 година и во моментов е единствениот снабдувач во овој сегмент кој може да понуди комплетни 5G решенија. Во 5G R&D центрите за истражување и развој на компанијата се вработени над 5700 инженери, вклучувајќи повеќе од 500 високо специјализирани 5G експерти. Освен нив, компанијата учествува и во 11 унифицирани иновативни центри за 5G ширум светот.