Haidilao, компанија која управува со синџир ресторани во Кина, склучи партнерство со Panasonic и го отвори првиот ресторан со роботи во Пекинг. Ова е првиот ресторан во светот со целосно автоматизирана кујна. Новата кујна ќе се користи за да му помогне на Haidilao да ја оствари планираната експанзија.
Според Bloomberg, новата локација на Haidilao има вработено роботи кои ќе примаат нарачки, ќе приготвуваат и ќе послужуваат месо и зеленчук до масите на посетителите и ќе приготвуваат супа директно пред нив.
Двете компании велат дека Beijing Haidilao ќе биде првиот ресторан во светот кој ќе има кујна со вештачка интелигенција. Не се познати многу детали за тоа како ќе функционира технологијата за автоматизација во Haidilao.
Овој роботски ресторан на Haidilao во Пекинг сигурно нема да биде единствениот ни последниот. Haidilao и Panasonic формираа заедничка компанија вредна 20 милиони долари наречена Ying Hai Holding Pte. за да менаџираат со експанзијата на роботските ресторани. Тие планираат да отворат Haidilao ресторани на 5.000 локации, што е неверојатен раст од моменталните 360.