Црна Гора има 77 милионери

- Advertisement -

Во Цра Гора се регистрирани 77 граѓани кои на своите банкарски сметки имаат повеќе од милион евра, а најбогатиот од нив на сметката има дури 50,28 милиони евра. Од Централната банка на Црна Гора не соопштуваат никакви имиња, но откриваат дека граѓанинот кој има најголем депозит не е странец, туку жител на Црна Гора.

Депозити поголеми од 10 милиони евра имаат тројца граѓани, еден граѓанин има депозит од 5 до 10 милиони евра, а 73 граѓани имаат од милион до пет милиони евра. Најбогатиот милионер на сметка има 20милиони евра повеќе отколку најголемиот депозит на компанија во Црна Гора, кој на крајот на декември минатата година изнесувал 29,30 милиони евра.

- Advertisement -

Извесно е дека бројот на милионери во Црна Гора се зголемува затоа што пред една година имаше 64, а во 2016 година 54 милионери. Има и разлика во висината на најголемиот депозит, кој пред една година беше 63,3 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -