Претставена првата мемориска картичка од 1 терабајт

- Advertisement -

Минатата година Samsung Galaxy Note 9 пристигна на пазарот со вградена меморија од 512 GB, а јужнокорејската компанија сега таа меморија сака да ја дуплира на 1 терабајт. Samsung само што објави дека почна со масовно производство на eUFS (embedded Universal Flash Storage) картичка од 1 терабајт, која ќе биде двојно поголема од минатата генерација, додека физичката величина нема да се менува, што за Samsung е иновација по која е на прво место во светот.

Samsung вели дека влагодарение на ова идната генерација телефони ќе понуди искуство како на notebook, па корисниците ќе можат да складираат до 260 десетминутини видеа со 4K резолуција, а ветува и поголема брзина на пренос на податоци до 10 пати поголема од microSD картичките.

- Advertisement -

Според некои гласини, веќе се зборува дека Galaxy S10, кој ќе биде претставен идниот месец, ќе стигне со мемроија од 1 терабајт. Ако тоа е вистина, новиот телефон на Samsung би бил опасна ѕверка со оглед на тоа дека ќе има и поддршка за 5G мрежа, како и четири задни и две предни камери.

Сподели!
- Advertisement -