Google Maps сака да ви помогне да се спасите од казните за брзо возење

- Advertisement -

Google сака да воведе нова и многу корисна алатка во апликацијата Google Maps – систем за предупредување на камери за мерење на брзина. Оваа опција, наводно, се тестира на некои избрани локации. За жал, во моментот е достапна само во САД, но тоа не значи дека во блиска иднина нема да пристигне и кај нас и да ги спаси љубителите на брзото возење од казна. Се надеваме дека оваа опција ќе придонесе и за посовесно и повнимателно возење.

Како шро пренесува страницата Android Police, на мапите ќе се прикажуваат и ограничувањата на брзината за секој пат по којшто се движите, а икона од мала камера ќе се појави секаде каде што има поставено камера за мерење на брзината на возење. Наводно, ќе има и аудио предупредување за возачите кога ќе се приближат до таква камера.

- Advertisement -

Ова уште не е официјално потврдено од страна на Google и секако дека и да се воведе, нема да може да се користи како изговор за да се вози поневнимателно или да се користи телефон додека сте зад воланот.

Сподели!
- Advertisement -