Ова се најмногу и најмалку корумпираните земји во светот

- Advertisement -

Ниедна земја не е отпорна на корупција, покажува најновиот индекс на корупцијата Corruption Perceptions Index 2018, како и последниот извештај на Транспаренси интернешнал, невладина организација основана со цел да се бори со корупцијата во светот.

Индексот покажува дека згoлемената корупција придонесува за кризата на демократијата во светот. Според него, Данска е најмалку корумпирана земја во светот, но дури и оваа земја имаше повеќе проблеми со корупцијата, од кои скандалот со перењето пари преку Danske Bank.

- Advertisement -

Зад оваа нордиска земја се наоѓаат Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија. Во топ десет земји на врвот на скалата со најмалку корупција се и Норвешка, Холандија, Канада  и Луксембург. На другиот крај на скалата се наоѓаат Сомалија, Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја. Втората петорка од дното нагоре се Судан, Гвинеја Бизо, Екваторска Гвинеја, Авганистан и Либија.

Корупцијата и наштетува на демократијата и создава еден маѓепсан круг – корупцијата ги поткопува демократските институции, а како резултат на тоа се добиваат ослабени институции кои не можат да се борат со корупцијата“, велат од Транспаренси интернешнал.

- Advertisement -

Организацијата ги повикува земјите од целиот свет да си ги зајакнат институции кои вршат проверки и ја балансираат политичката моќ, да ја зајакна легислатива против корупција, да го поддржат граѓанското општество и слободата и независноста на медиумите.

Индексот Corruption Perceptions Index рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор базирано на оценките од експерти и бизнисмени. Оценките се даваат на скала од 0 до 100, каде што 0 значи високо корумпирана земја, а 100 е слабо корумпирана земја.

- Advertisement -

Македонија се наоѓа некаде на половина на листата, на 93-тата позиција. Полошо рангирана од нас е само Албанија на 99. место, додека сите останати соседи се подобро рангирани од нас. Најдобро е рангирана Хрватска на 60. место, па следуваат Грција и Црна гора на 67. место, па Бугарија на 77. место, Србија на 87. место и Босна и Херцеговина на 89. место.

Сподели!
- Advertisement -