Докторите во Шкотска сега можат да препишуваат терапија – шетање во природа

- Advertisement -

Почнувајќи од 5 октомври минатата година докторите во Шетланд, Шкотска, можат на своите пациенти да им препишуваат шетање во природа. Ова веројатно е првата ваква програма во Обединетото Кралство и има за цел на природен начин да се намали крвниот притисок кај луѓето, анскиозноста и да се зголеми задоволството кај луѓето што имаат дијабетес, ментални заболувања, кои страдаат од стрес, срцеви заболувања и др.

Постои цела листа со рецепти за препишување природа вo рамките на програма со забавни, а понекогаш и необични активности. Во февруари, на пример, можете да направите ветерница за да научите да ја цените моќта на ветрот, во март можете да позајмите нечие куче и да го носите на прошетки. Во април можете да го допрете морето или да направите хотел за бубачки, во мај да си го закопате лицето во трева, а во јули, пак, да наберете два вида трева и навистина да ги изанализирате. Во август можете да повикате некој црв да излезе од под земја, во септември да помогнете да се исчистат плажите и да приготвите јадење надвор, во октомври да научите да ги цените облаците, да разговарате со пони. Во ноември можете да ги храните птиците во вашиот двор, а во декември да правите многу забавни активности. И сето тоа по препорака од доктор.

- Advertisement -

Има бројни докази за бенефитите на природата врз менталното и физичкото здравје. Доколку дневно поминувате 90 минути надвор во пошумена област, ќе се намали активноста на тој дел од вашиот мозок кој се асоцира со појава на депресија. Поминувањето време во природа не само што го намалува крвниот притисок и анксиозноста и ја зголемува среќата, туку ја намалува агресивноста, симптомите на хиперактивност, ја подобрува издржливоста на болка, имунолошкиот систем итн.

Сподели!
- Advertisement -