Една третина од телефоните на европскиот пазар се кинески, а Huawei е на прво место

- Advertisement -

Најновите податоци кои ги објави компанијата Canalys покажуваат дека кинеските смартфони заземаат се поголем дел од европскиот пазар. Минатата година на европскиот пазар беа претставени многу кинески смартфони. Компаниите Huawei и Oppo своите најпопуларни модели ги претставија во Париз, а веднаш по нив следуваа Xiaomi и OnePlus, кои полека стануваат се попопуларни.

Од Canalys тврдат дека 32% или отприлика една третина од телефоните продадени во Европа биле производ на кинески компании, а Huawei е на прво место со повеќе од 20% удел на вкупниот пазар во последните месеци од минатата година.

- Advertisement -

Huawei беше предмет на непријателство меѓу Кина и САД во 2008 година, кога амбициите на компанијата да влезе на американскиот пазар наидоа на ѕид, односно на отпор од локалните оператори и законодавците. Но според аналитичарот Бен Стентон, тоа било добро за европскиот пазар на смартфони. Кинеските производители се повеќе инвестираат во Европа и направија конкуренција во цените.

Глобалниот пазар на смартфони се смалува, како и на Запад, но тоа не важи за источна Европа. Најголем пад во бројот на продадени смартфони забележа лидерот Samsung и тоа за 10% во однос на 2017 година. И Apple не може да се пофали затоа што забележа пад од 6%. Ако продолжат овие трендови, Huawei веројатно годинава ќе си го обезбеди третото место во Европа, веднаш зад Samsung и ќе го држи најмалку до појавата на новиот iPhone во септември.

Сподели!
- Advertisement -