Организацијата Ocean Sole за заштита на животната средина ги претвора старите, фрлени апостолки по плажите во вистински уметнички дела. На плажата Кивају во Кенија тони отпад завршуваат во песокот секоја година. Голем дел од тој отпад се скинати, стари, фрлени апостолки.
Локалното население е ангажирано да ги собира тие апостолки. Организацијата Ocean Sole рециклира по 400.000 пара такви влечки годишно. Најпрвин локалците ги чистат и ги мијат старите влечки, а потоа ги делкаат, ги сечат и ги шмирглаат додека не добијат мазни форми.
Тие мазни форми ги лепат едни за други и од нив прават навистина несекојдневни уметнички дела и играчки за деца. Ocean Sole донира дел од приходите на програми за зачувување на морскиот свет.
From flip-flop pollution to stunning art
This organization turns flip-flop pollution into art.
Posted by Startup Selfie on Сабота, 22 декември 2018