Обединетите Арапски Емирати го презентираа планот за освојување на Марс

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати ќе го испратат нивниот прв астронаут во вселената на 25 септември, но тоа не е сè. Земјата има амбициозна вселенска програма за колонизација на Црвената планета, до 2117 година

Првиот астронаут од ОАЕ ќе патува до Меѓународната вселенска станица на 25 септември. Тоа ќе биде или воениот пилот Хаза ал Мансури или инженерот Султан ал Нејади, како дел од амбициозната вселенска програма на оваа земја. Двајцата мажи се одбрани од 4.000 пријавени, а велат дека не се исплашени од неодамнешниот неуспех на руската ракета што ги носи астронаутите на Станицата.

По инцидентот ние сме уште посамоуверени во подготовката за мисијата. Во случај на неуспех имаме опрема со која се осигурува безбедноста на екипажот, што значи дека сме уверени дека системот функционира на големо ниво на безбедност“, изјави ал Мансури за AP.

- Advertisement -

 

Станува збор за инцидентот што се случи на 11 октомври минатата година кога ракетата Soyuz-FG што ги носеше астронаутите Ник Хаг и Алексеј Овчинин падна кратко по лансирањето поради оштетен сензор. И двајцата слетаа безбедно во Казахстан.

- Advertisement -

ОАЕ имаат амбициозна вселенска програма и желба да го колонизираат Марс до 2117 година, каде, според нивните планови, би бил формиран функционален град за 600.000 жители.

Сподели!
- Advertisement -