Најновиот автомобил на производителот на луксузни автомобили Bugatti, суперавтомобилот La Voiture Noire, официјално беше претставен вчера на саемот за автомобили во Женева, а она што е уште поневеројатно е дека автомобилот веќе се продаде. Тој вистински Batmobile беше продаден за неверојатни 16,7 милиони евра, а го купи германски ентузијаст за автомобилите на Bugatti.
Како што дознава CNBC, станува збор за поранешниот претседател на групацијата Volkswagen, Фердинанд Пих, кој е познат како колекционер на луксузни автомобили со високи перформанси. За перформансите на Lа Voiture Noirе засега не се знае многу, освен тоа дека има 8-литарски мотор со 16 цилиндри и 1.500 коњски сили, како и дека троши 35,2 литри гориво на 100 километри, а надвор од градските улици потрошувачката паѓа на 15,2 литри. Тоа значи просечна потрошувачка од 22,5 литри на 100 км.
La Voiture Noire е замислен како верзија на најпознатиот автомобил на синот на основачот на Bugatti, Еторе Бугати. Жан Бугати во 1936 година го направил автомобилот Type 57 SC Atlantic, кој денес е еден од најценетите луксузни класични автомобили во светот, а тој модел сега ја доби својата верзија за 21 век.
По својот изглед La Voiture Noirе наликува на автомобилот којн го носи суперхеројот од филмското платно Бетмен.