Компанија за канабис дизајнираше лепенка која ја отстранува болката кај фибромијалгија

- Advertisement -

Благодарение на либерализацијата на употребата на канабис во многу земји во светот, се повеќе истражувања ги потврдуваат моќните ефекти на канабисот врз здравјето на луѓето. Тоа ги намали рестрикциите и научниците имаат поголема слобода да ги истражуваат тие ефекти.

Канабисот содржи 85 состојки познати како канабионоиди. Она што е интересно е дека човечкиот нервен и дигестивниот систем имаат ендоканабионоидни рецептори, кои се одговорни за производството на канабионоиди во телото. Тие рецептори играат битна улога во човечкото тело за емоциите, апетитот, движењето и спиењето.

- Advertisement -

Во составот на канабисот има и терпени, состојки кои се врзуваат со третирањето на болка. И терпените и канабионидите имаат моќни аналгетски својства и човечкото тело многу лесно ги преработува тие фитохемикалии. Канабисот се покажа одличен во третирањето болка поради канабидиол, кој влегува во крвотокот и се врзув за канабионоидните рецептори во периферните нерви, блокирајќи ги сигналите за болка да не стигнат до мозокот. Тие лекуваат и воспаленија.

Според истражување на Универзитетот Мичиген, медицинскиот канабис може да се користи за третирање хронична болка и со тоа да се намали употребата на опијати. Пациентите кои користеле медицинска марихуана забележале намалување на употребата на традиционални лекови за 64%. Освен тоа, таа употреба има помали несакани ефекти од употребата на лекови.

- Advertisement -

Фибромијалгијата е сериозно невролошко пореметување кое може да се третира на овој начин. Се карактеризира со промени на расположение, мускулоскелетна болка, како и проблеми со меморијата, замор и проблеми со сонот. Типичниот третман вклучува антидепресиви, лекови за болка, ацетаминофен и лекови против напади.

Компанијата Cannabis Science од Калифорнија во 2016 година ја претстави нивната лепенка за болка, која може да се користи за трансдермално внесување канабис. Лепенката може да ја намали болката при невропатија или фибромијалгија, како и при други дијагнози. Се става на местото каде се чувствува болката, додека канабисот брзо се апсорбира во кожата и влегува во крвотокот.

- Advertisement -

Притоа, лепенката контролирано го испушта канабисот. Лепенката содржи моќен екстракт од канабиноид, кој може полека да навлегува во крвотокот и да пенетрира во централниот нервен систем. Компанијата моментално истражува друга примена на ова растение.

Сподели!
- Advertisement -