Овој гел ќе ја револузионизира индустријата за стоматологија. Се вика Brix 3000 и ќе ги замени сите алатки кои заболекарите ги користат за дупчење на забите и остстранување на расипаниот дел од забот, од кои се плашиме речиси сите.
Станува збор за ензимски гел кој овозможува остранување на кариесот без никакви инвазивни процеси и терапии. Гелот се произведува во лабораторија и многу лесно можат да го користат сите стоматолози.
Најпрвин треба да го исчистат забот и да стават памук околу целиот заб. Потоа се нанесува Brix 3000 на целиот расипан дел од забот и се чека 2 минути. После 2 минути се отстранува гелот заедно со кариесот и процесот се повторува повеќе пати додека не се исчисти целиот кариес. Притоа, во ниеден момент не се користи друга алатка.
Кога забот ќе биде исчистен, веднаш се нанесува гелот за да се обнови енамелот на забот. На овој начин заболекарите нема да користат алатки за дупчење на забите и поправката на забите ќе трае многу пократко. Со нетрпение го очекуваме моментот кога ваквиот начин на поправка на забите ќе го замени сегашниот, кој многумина одвраќа од седнување на забарското столче.
This gel will revolutionize dentistry Via Brix Medical Science
Posted by Inventions & Creations on Понеделник, 11 февруари 2019