Јужнокорејската корпорација поднесе барање за патент кој би овозможил телевизори без кабли за електрична енергија. Производителите на телевизори со години настојуваат да ја намалат видливоста на електричните кабли во нивните се потенки уреди, Се чини дека Samsung може да биде првата компанија која целосно ќе ги отстрани каблите.
Барањето за патент Samsung г поднесе во март минатата година, нo беше објавено кон крајот на февруари 2019 година. Во патентот се опипшува предавател кој би можел и да прима и да емитува енергија наместо да се напојува како досега со вообичаените кабли.
Во суштина, примопредавателот е магнетна шишка прикачена од задната страбна на телевизорот, која безжично се полни. Технологијата за бежично полнење е во подем, но досега беше главно ограничена на паметните телефони. Преминот на QLED телевизори, на кои им треба повеќе енергија, е голем чекор напред.