Почнувајќи од 1871 година САД се најголема економија во светот, економска сила која зазема речиси 1/4 од светската економија благодарение на напредната инфраструктура, технологијата. За жал, сето тоа богатство не значи и добро здравје за жителите. а тоа го покажува и индексот со најздрави земји во светот Bloomberg Healthiest Country Index за 2019 година.
Индексот рангира 169 економии во светот базирано на поени за фактори како што се просечниот животен век и одземање поени за ризици како тутунот и гојазноста. Исто така, се земаат предвид и други фактори како пристапот до чиста вода и санитарните услови.
Значи, кој се наоѓа на чело годинава? Шпанија, 14-тата најголема економија во светот, се најде на врвот за 2019 година. Ова е целосната листа со топ 10 најздрави земји во светот.
1. Шпанија
2. Италија
3. Исланд
4. Јапонија
5. Швајцарија
6. Шведска
7. Австралија
8. Сингапур
9. Норвешка
10. Израел
Шпанија се најде на врвот од повеќе причини. Еден од најбитните фактори е тоа дека има еден од најдолгите животни векови на луѓето во Европската унија и на глобално ниво заостанува само зад Јапонија и Швајцарија. До 2040 година се очекува да има најдолг животен век во светот – 80 години, а по неа ќе следуваат Јапонија, Сингапур и Швајцарија. Земјата забележа и пад на кардиваскуларните заболувања и смртните случаи поради рак во изминатата деценија. Примарната грижа ја обезбедуваат јавни институции, приватни семејни доктори и медицински сестри, кои се грижат и за децата, постарите луѓе и за болните од акутни и хронични заболувања. Како што се наведува во индексот на Bloomberg, медитеранската диета, која се користи во Шпанија и во Италија, докажано е една од најздравите во светот.