Apple ќе ја претстави својата нова телевизиска услуга на 25 март

- Advertisement -

Компанијата Apple потврди дека на 25 март ќе одржи настан на кој ќе ја претстави својата нова телевизиска услуга и Apple News претплатничката услуга. Како и вообичаено, на поканата не пишува многу информации, туку има само GIF со одбројување и натписот „Време е за шоу“ („It’s show time”), навестувајќи дека новата телевизиска услуга ќе има голема улога.

Гласините за настанот се појавија на крајот на март минатата година и се велеше дека компанијата ќе се фокусира исклучиво на услуги. Сепак, уште има шанса да видиме нови AirPods слушалки, нов основен модел на iPad и одложуванииот AirPower безжичен полнач.

- Advertisement -

Ова не е прв пат Apple да користи слични покани за настанот затоа што компанијата го направи истото во септември 2006 година на настанот на кој најави дека ќе почне да нуди филмови на iTunes, како и кога беше најавен iTV.

Покрај телевизиската услуга која би требало да се појави пролетва, Apple ќе ја претстави и претплатничката услуга Apple News. Оваа услуга ќе нуди пристап до списанија и весници на едно место.

Сподели!
- Advertisement -