Вештачка интелигенција дизајнираше фустан

- Advertisement -

Кога пред речиси 100 години Коко Шанел го дизајнираше својот прв мал црн фустан, жените ширум светот се одушевија од безвременскиот, едноставен и елегантен дизајн кој можеа да го носат во речиси секоја прилика.

Низ годините свои верзии од малиот црн фустан направија многу дизајнери. Но, благодарение на двајца научници од МИТ, своја верзија на малиот црн фустан направи и неочекуван дизајнер – вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Пинај Јанардаг и Емили Салвадор развија вештачка интелигенција и во нејзината основа ставија различни модели на мали црни фустани. GAN (Generative Adversarial Network) така научи да создаде нов дизајн кој не постои во базата, но се базира на достапните модели.

- Advertisement -

Меѓу стотината модели кои ги осмисли системот, научниците избраа неколку и одлучија да ги сошијат. Набавија ткаенина и она што го замисли вештачката интелигенција го претворија во уникатен фустан. А каков би бил тој фустан без накит. Така, научниците се обратија кај вештачката интелигенција и за дизајнот на накитот. Конечниот резултат е навистина уникатна комбинација која без никакви проблеми би можеле да се носи на писта или да се облече за некоја пригода.

Сподели!
- Advertisement -