ВИДЕО: Илон Маск го претстави најбитниот автомобил на Tesla досега, Model Y

- Advertisement -

И пред претставувањето на Model Y дел од аналитичарите кои го следат пазарот на електрични автомобили најавија дека ова ќе биде најбитниот автомобил на Teslа досега. Имено, категоријата теренци станува се попопуларна и многу идни купувачи наместо класичен автомобил, сакаат да купат градски теренец. Tesla во својата понуда има еден теренец, но Model X е премногу скап за најголем дел од луѓето. Тој проблем со цената ќе го реши токму Model Y, кој ќе биде достапен по почетна цена од 39.000 долари.

Возилото кое Маск го претстави вчера ќе биде достапно во неколку верзии кои се разликуваат по досегот и по цената. Првите модели ќе бидат достапни наесен идната година, додека најевтиниот модел Model Y ќе може да се купи од пролет 2021 година.

- Advertisement -

Што се однесува на дизајнот, сите новинари кои го следеа претставувањето коментираа дека автомобилот изгледа како што очекувале – комбинација од Model 3 и Model X, а сите ја пофалија можноста да се постави трет ред седишта и дека во новиот теренец ќе може да седат до седум патници. И внатрешноста е слична на Model 3, со голем 15-инчен екран осетлив на допир на средината на контролната табла и голем панорамски покрив.

Маск на претставувањето рече дека Model Y ќе ја има функционалноста на сите возила од категоријата теренци, но ќе вози како спортски автомобил.

- Advertisement -

Беa претставени четири верзии на Model Y кои се разликуваат по досег, максимална брзина, забрзување и по цената. Најинтересен модел за многумина е најевтината верзија со цена од 39.000 долари со најмал досег од 370 км со едно полнење на батеријата. Максималната брзина е 196 км/ч. Верзијата со најголем досег (480 км) ќе чини 47.000 долари и ќе има максимална брзина од 208 км/ч.

Верзијата со два мотори и погон на сите тркала ќе има досег од 450 км, максимална брзина од 216 км/ч, а ќе чини 51.000 долари. Четвртата верзија е најмоќна – верзијата Performance ќе чини 60.000 долари, досег исто така од околу 450 км и максимална брзина од 240 км/ч.

Сподели!
- Advertisement -