Лидија Трипуноска од „Марили” e добитник на наградата „Најжена на 21.век”

- Advertisement -

Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили” e  добитник на наградата „Најжена на 21.век” на манифестација која се одржа во Белград

Трипуноска ја доби оваа престижна меѓународна награда за својот долгогодишен ангажман и постигнати резултати на полето на маркетингот и продукцијата во Република Македонија.

Огромно задоволство е да се добие награда за проектите што ги работите посветено речиси четврт век, да бидете вреднувани и респектирани надвор од границите на сопствената земја, што ве прави свесни дека континуитетот и долготрајноста направиле промена во општеството во однос на квалитетот во дејноста во која работите. Особено ми е драго што големата поддршка што ја дава „Марили” за афирмација на жената во бизнисот, на ваков начин е препознаена, призната и верификувана и пошироко во регионот, вели Трипуноска.

- Advertisement -

Манифестацијата „Најжена на 21. век” постои од 2002 година и ја организира агенцијата „Аирли ниво” од Белград. Целта е да се претстават на пошироката јавност најуспешните, најпочитуваните, најсаканите, со еден збор – најжените на 21. век. За оваа многу значајна титула се номинираат дами од различни области, од бизнисот, медицината, образованието, но и од политиката, спортот, од медиумите, естрадата…

Од 2017 година, манифестацијата го проширува изборот и на најмаж и годинава.

- Advertisement -

-За најжените се разговара се повеќе, за нив се повеќе се размислува и со нив се остваруваат нови бизнис успеси. Манифестацијата како што е ‘Најжена’ многу им е потребна на брендовите, бидејќи на таков начин, со директна комуникација тие можат да разменуваат информации. За сите овие години колку што сме заедно, станавме добри пријатели кои се поттикнуваат меѓусебно да бидат што подобри и подобри. Ова е приказна за нив, најжените, за тоа како нивното име стана синоним за професијата со која се занимаваат. Во таа приказна тие ја делат тајната на успехот со публиката и откриваат што е тоа харизма. Како стануваат легенди на векот”, вели Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ, идејниот творец и организатор на манифестацијата „Најжена и најмаж на 21.век”.

Сподели!
- Advertisement -