Нови цени на горивата

- Advertisement -

По седницата одржана денеска, Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на горивата, кои ќе важат од вечерва на полноќ.

Според одлуката, малопродажните цени на горивата ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1,5 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 66 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67,5 денари.

- Advertisement -

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе се намали за 0,5 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 60.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Сподели!
- Advertisement -