Популарната апликација Snapchat идниот месец ќе ја стартува својата долго очекувана гејминг платформа. Гласините за платформата на Snapchat кружат веќе неколку месеци, а сега е познато дека платформата Project Cognac стигнува на почетокот на април. Платформата би требало да биде претставена на самитот на девелопери на Snapchat во Лос Анџелес, кој почнува на 4 април.
Snapchat и претходно претставуваше свои игри. Така, минатата година ги претстави сетот игри во засилена реалност Snappables. Меѓутоа, новата гејминг платформа навистина ќе навлезе во гејминг светот и ќе дозволи девелоперите однадвор да креираат игри кои ќе живеат во апликацијата Snapchat.
Snapchat во јануари годинава го купи австралиското гејминг студио Prettygreat за речиси девет милиони долари, кое сигурно ќе го унапреди развојот на платформата. Студиото Prettygreat ги направи игрите Fruit Ninja и Jetpack Joyride. Портпаролите на Snapchat не откриваат детали за новата платформа, па останува гејмерите да почекаат уште помалку од половина месец за да добијат повеќе информации.