iPhone 11 ќе може да ви го спаси животот

- Advertisement -

Идниот гаџет на Apple веројатно ќе може да ви го спаси животот доколку патентот за кој аплицираше компанијата биде успешен. Наредниот часовник или iPhone можеби ќе биде опремен со сензор кој ќе може да ве предупреди на високо ниво на загадување, токсичен гас или алкохол преку здивот.

На Apple им беа одобрени повеќе патенти за сите производи, вклучувајќи и патент за материјал кој ќе препознава лоши и непријатни мириси. Тој материјал ќе може да се користи за правење каивчиња за часовници и можеби ќе биде инкорпориран во идните iPhone или лаптопи.

- Advertisement -

Материјалот ќе има повеќе сензори кои детектираат различни мириси од опасниот јаглерод моноксид до загадување, гасови кои испаруваат, а ќе може да детектира колкав процент алкохол има некој во крвта преку здивот.

- Advertisement -

Според податоците на американската Канцеларија за патенти, Apple поднесол патент за електронски уреди со сензори кои ја препознаваат околината. Ова е петти по ред ваков патент за кој аплицира Apple од 2015 година досега. Документот го опишува патентот како сензор за гас прикачен на печатено коло кој е конфигуриран да препознава јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, пареа од алкохол, пропан, озон, азотни оксиди, азот диоксид, бензен, метан, водород и кислород.

Како што се наведува во патентот, ќе може да се користи за мобилни телефони, медиа плеери, други преносни уреди, уреди слични на часовници, други минијатурни гаџети, опрема за гејминг, таблети, десктоп компјутери, телевизори, монитори за компјутери, компјутри интегрирани во дисплеи или друга електронска опрема.

Сподели!
- Advertisement -