Учењето програмски јазици од најрана возраст помага децата да израснат во кретивни и иновативни личности!

- Advertisement -

Интервју со Билјана Стојоска-Златков, главен уредник за програмите од образование, координатор за програми во едукативниот центар „Арс Ламина Едукација“, едукатор и автор на повеќе изданија по математика, информатика и програмирање за деца

 

Кажете ни повеќе за едукативниот центар „Арс Ламина Едукација“. Од кога постои, какви програми реализира?

- Advertisement -

Едукативниот центар „Арс Ламина Едукација“ од Скопје постои од 2017 година и реализира едукативни програми за возрасни и за деца. За деца се реализира дополнителна настава во која се нуди помош при учење; дневен престој во кој децата имаат можност да ги пишуваат домашните задачи и да добијат помош од стручни едукатори; курсеви по англиски јазик според програмата на Кембриџ за деца од сите возрасти со која на забавен и апликативен начин се изучува англискиот јазик.

Курсот за програмирање за деца од 5 до 14 години Co-ding! е наменет за учење на забавен начин со цел да се развие креативноста, фантазијата, интересот кон решавањето проблеми и основните принципи на програмирањето преку креирање игри, анимации, мобилни апликации, веб-сајтови итн.

- Advertisement -

Дигиталните вештини се едни од најбараните во моментов, а се смета дека ќе бидат основа на новите професии што сè уште не постојат. Во таа насока се курсевите Co-Ding. Што учат децата?

Денес клучно е да се користат дигиталните медиуми. Живееме во дигитална ера на која ѝ се потребни компјутерски експерти. Тоа се луѓето кои сакаат предизвик, кои ги сакаат компјутерите и сакаат да дизајнираат интернет-страници и да креираат мобилни или десктоп-апликации. Мобилните телефони, компјутерите, интернет-игрите и социјалните мрежи се составен дел во нивниот секојдневен живот. Затоа, во едукативниот центар „Арс Ламина Едукација“ одлучивме дека е време да му се даде шанса на секое дете да учи да програмира и да го развива алгоритамското размислување. Секој треба да го развие алгоритамскиот начин на размислување, бидејќи помага во решавањето на секојдневните проблеми. Програмата Co-ding! е базирана на интернационални програми за кодирање за деца и е организирана да ги опфати децата од 5 до 14 години:

- Advertisement -
  • Co-Ding! Junior – курсеви за програмирање за деца од 5 до 8 години; и
  • Co-Ding! – курсеви за програмирање за деца од 9 до 14 години.

На курсевите Co-Ding! се изучуваат повеќе програмски јазици: Scratch, HTML, Lightbot, Kodu итн. Секој модул во курсот се реализира преку конкретни активности и вежби за изучување на соодветниот програмски јазик, во кои прецизно и јасно се објаснуваат наредбите во програмскиот јазик и чекор по чекор се разработуваат предвидените проекти.

Постојат програми во кои кодирањето се прави со симболи наместо со текст, па така децата ги учат структурните и програмските концепти без да бидат свесни за тоа. Сè што учат децата преку игра останува запаметено и подоцна можат да го применат на други проблемски ситуации. Токму тоа го нудиме со програмата Co-ding! Junior – учење на кодирање и програмирање преку слики и симболи и низ игра. Со оваа програма се става акцент и на аналогното програмирање преку боење според симболи, декодирање скриени пораки напишани со симболи, а потоа и дигитално програмирање со програмските јазици во кои наредбите се зададени со слики и симболи.

Колкав е интересот кај децата за овие курсеви? Која возрасна група е најзаинтересирана за основи на програмирање?

Децата покажуваат огромен интерес за програмирањето и воопшто за користење и работа со дигиталните медиуми. Технолошките иновации се зголемуваат до таа мера, што децата сакаат да користат уреди со високи перформанси адаптирани на нивните потреби и желби. Во таа насока, од особена важност е секој да знае да го програмира сопствениот уред за свои потреби. Да се научи да се програмира значи повеќе од учење на програмски јазик – тоа значи да се развие ефективен мисловен концепт, насочен кон решавање на проблемски ситуации, што продуктивно ќе влијае на секој нов интелектуален предизвик. Во таа насока ние сметаме дека учењето програмирање е од особена важност за понатамошниот интелектуален развој на децата.

Во земјава постојат и други едукативни програми за програмирање. По што е препознатлива и уникатна програмата Co-Ding?

Брзиот технолошки развој во голема мера влијае како ги користиме дигиталните медиуми, како комуницираме и разменуваме информации како колектив во време кога новите генерации ја диктираат еволуцијата и развојот. Зависност од дигиталните медиуми и интернетот во голема мера се чувствува меѓу младите и денес, а секако тоа ќе се зголеми и во иднина.

Со оваа програма се овозможува учење на забавен начин со цел да се развие креативноста, фантазијата, интересот кон решавањето проблеми и основните принципи на програмирањето преку креирање игри, анимации, мобилни апликации, веб-сајтови итн. Децата ќе имаат можност да се забавуваат, да бидат креативни, да работат заедно со пријателите и да почувствуваат задоволство од успешно завршена работа уште од најрана возраст. Овие вештини подоцна ќе им помогнат на децата да бидат иновативни, што ќе може да се примени во речиси секоја професија. Истовремено ги учи да бидат трпеливи и да не се откажуваат кога нема веднаш да успеат или кога ќе најдат грешка во постапката на решавање. Програмирањето е универзалниот јазик на планетата. Луѓето што знаат да програмираат ќе можат да комуницираат со припадници на различни култури во различни земји, ќе бидат иновативни и ќе ги решаваат проблемите поефикасно без пречки на патот до нивниот успех.

Што покажува досегашното искуство во реализација на програмата? Какви вештини развиваат децата преку учење на алгоритми? Зошто овие вештини се важни за идниот развој на децата?

Алгоритамско размислување е развивање способност за апстракција и логичко-аналитичко размислување. Со ваков начин на размислување можеме полесно да ги организираме нашите активности и да заштедиме повеќе слободно време. Во дигиталната ера во која живееме, читањето, пишувањето и програмирањето се основни темели на писменоста на модерната личност. Децата од најрана возраст треба да имаат барем основни познавања од програмирањето, бидејќи на тој начин полесно ќе можат да ги користат дигиталните медиуми и платформи. На овој начин децата ќе сфатат дека компјутерите, смарт-телефоните не се магични кутии, туку дека е потребно знаење тие да се програмираат да прават она што ние сакаме да го прават. Исто како и возењето велосипед, учењето како да се програмира е полесно ако се почне помлад. Дури и четиригодишните деца можат да ги научат основните концепти за кодирањето. Учењето програмирање станува полесно и поинтересно, бидејќи има сè повеќе и повеќе нови видови софтвери и во комбинација со современите наставни методи може да се задржи интересот и возбудата кај децата учејќи програмирање. Учењето програмирање од најрана возраст им помага на децата да ги решаваат секојдневните проблеми и да се подготват за иднина полна со можности.

 Како, во кој правец планирате да ја развивате и унапредувате програмата Co-Ding на „Арс Ламина“?

Живееме во дигитална ера на која ѝ се потребни компјутерски експерти. Тоа се луѓето кои сакаат предизвик, кои ги сакаат компјутерите и сакаат да дизајнираат интернет-страници и да креираат мобилни или десктоп-апликации. Но, не мора секој да биде компјутерски експерт за да научи да програмира едноставни игри, апликации и веб-сајтови. Мотивирани од желбата да не останеме како нација само следбеници на технологијата туку и нејзини креатори, во Eдукативниот центар „Aрс Ламина Едукација“ постојано се развиваат идеи за креирање курсеви во насока на следење на светските трендови во образованието и развојот на дигиталните технологии.

Разговараше – Верица Јорданова

 

Сподели!
- Advertisement -