Македонија ќе биде најмалку атрактивна дестинација за работа на единствениот пазарот на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија

- Advertisement -

2024 година стартуваше со прелеани ризици од 2023, очекуван рефорсмки застој, економска неизвесност заради двојните избори, битката со инфлацијата.
Во интервју за емисијата “Агенда 35” кое го правеше Верица Јорданова првиот човек на Сојузот на Стопански Комори на Македонија вели дека
годинава компаниите се соочуваат со неповолна домашна ситуација поврзана со двојните избори поради кои скоро половина од годината се очекува да се потроши без особено  реформски процеси, а згора на тоа се очекува неповолните трендови на економска стагнација во ЕУ да се прелеат и кај нас.

Анегелоски предупредува дека компаниите во следниот период ќе се соочат и со предизвици поврзани со превземените обврски од европски правила, како што е обврскаат да започнат да декларираат колку CО2 е вграден во нивните производи, при што ќе се наметнат и одредени давачки.

- Advertisement -

„За жал нашите институции се неспремни, многу малку луѓе во администрацијата си ја знаат и си ја работат работата и затоа да не бидеме изненадени ако македонскиот извоз во следниот период се соочи со сериозни проблеми“, вели Ангелески и во име на бизнис заедницата апелира државата во следниот период максимално да се фокусира на либерализација и реформирање на македонскиот пазар.
“Сметаме дека голем дел од инфлацијата и зголемениот узвоз се должи на високите царински стапки за многу прехранбени производи и затоа апелираме нашиот царински систем да се харминизира со оној на ЕУ“.

Рак рана на бизнисот според претседателот на ССКМ е неефикасноста на јавната администрација и ако влеземе во процес на преговори со ЕУ едно од првите прашања ќе биде реформа на јавната админстрација во насока на нејзина дигитализација и автоматска обработка на документи.

- Advertisement -

Во однос на иницијатавата за отварање на пазарот на труд со Србија и Албанија Ангеловски ја поздравува, но смета дека другите земји од оваа иницијатива, заради подобрите економии, ќе привлечат многу повеќе работници отколку Македонија.        

Сподели!
- Advertisement -