Стејт департментот на САД преку својата иницијатива Глобална иновација преку наука и технологија организира стартап тренинг програма, која ќе се одржи од 13 до 16 мај во Скопје. На тренингот ќе учествуваат стартапи од полето на науката и технологијата од Македонија, Албанија, БиХ, Белорусија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Украина, Србија, Ерменија, Азербејџан и Грузија.
Преку оваа стартап програма, во која партнер е македонската Startup Macedonia, претприемачите ќе моат да ги градат своите вештини и да се стекнат со алатки за развој на нивните бизнис модели и проширување на нивните бизнис. Учезниците ќе поминат четири дена во усовршување на нивните бизнис предлози и идеи и претсетавување на нивните иновации. На т.н демо ден тие ќе ги презентираат своите идеи пред бизнис лидери, инвеститори и креатори на политики од регионот.
За учество на GIST Regional Startup Training треба да се исполнат неколку услови:
- Да бидете стартап со седиште во Ерменија, Македонија, Албанија, БиХ, Белорусија, Косово, Молдавија, Украина, Србија, Азербејџан или Грузија;
- Да испратите двајца членови од тимот на тренингот;
- Членовите на тимот да бидат на возраст од 18 до 40 години и
- Стартапот да биде фокусиран на полето на науката и технологијата.
Исто така, треба да ги поднесете следните документи:
- Основни информации за стартапот како корисничка база и цели на компанијата;
- Основни информации за финансиите на стартапот;
- Информации за учество во други програми, било да е тоа GIST или друга организација;
- Податоци од пасошите на членовите на тимот кои ќе учествуваат.
Пријавувањето трае до 1 април, а сите заинтересирани може подетално да се запознаат на веб страницата за настанот http://www.gistnetwork.org/GISTStartupTrainingNorthMacedonia?fbclid=IwAR2LB81yI1V96mIfKhs-PbYkmvL-VBvEd5zCSfNze8XDo2LYVseb2B7yKXg