Четири работи кои сите би требало да ги направиме до 8 часот наутро

- Advertisement -

Животот денес е многу брз и понекогаш не можеме да ги следиме своите соништа, особено ако имаме работа и деца. Затоа, ако своето време не го користите за секојдневно напредување и работа на себеси, во еден момент ќе погледнете наназад и ќе се запрашате каде сте го потрошиле времето.

За жал, животите на најголем дел од луѓето се исполнети со небитни и тривијални работи, немаат време да градат нешто што има повеќе смисла за нив, па повеќе преживуваат отколку што си ги остваруваат соништата.

- Advertisement -

Социјално и културолошки е наметнато да се живеат животите на други луѓе, па и младите милениумци одржуваат таков начин на живот затоа што тоа е единствениот поглед на светот кој го научиле. Меѓутоа, се повеќе се шири сфаќањето дека со многу работа можете да го живеете секој момент од својот живот на начин на кој вие сакате. Вие сте кројачи на својата судбина, вие сте одговорни за себеси и мора да одлучите како ќе живеете, затоа што некој друг може да го направи тоа наместо вас.

За да го постигнете тоа, еве неколку утрински навики со кои можете да направите големи промени во животот.

- Advertisement -

Спијте седум и повеќе часови

Спиењето е еднакво битно како храната и водата, но и покрај тоа многумина не спијат доволно. Националната фондација за спиење на САД спроведе истражувања кои покажаа дека најмалку 40 милиони Американци патат од некаков тип пореметување на спиењето. Од друга страна, доволниот сон се поврзува со подолг живот, подобро памтење, поголема креативност, внимателност и фокусираност, а го намалува и нивото на стрес, депресија и воспаленија.

- Advertisement -

Молитва и медитација за појасни мисли

По будењето, здравиот и мирен сон, молитвата и медитацијата се добри за да се ориентирате кон позитивни мисли. Со молитвата и медитацијата се поттикнува благодарност за тоа што го имате. Кога ќе го цените тоа што го имате, ви се отвораат безброј можности. Луѓето се како магнет, па кога ќе бидете благодарни за тоа што го имате, ќе привлекувате повеќе позитивни и добри работи, затоа што благодарноста е заразна. Благодарноста може да биде клуч за успехот, па затоа секое утро почнете го со заблагодарување за она што го имате и ќе го имате и така ќе го привлечете само најдоброто што може да ви го понуди светот.

Прегледајте ја својата животна визија

Вашите цели треба да бидат напишани на хартија. Наутро треба само неколку минути за да ги прочитате и тогаш денот ќе ви биде поперспективен. Ако секој ден ги читате своите долгорочни цели, тогаш секој ден ќе размислувате за нив, а ако секој ден мислите на нив и некое време работите на нивното остварување, тогашт тие и ќе се остварат. Основата за постигнување на која било цел е запишувањето на целта на хартија и секојдневно потсетување на неа.

Направете барем една работа за остварување на долгорочните цели

Моќта на волјата е како мускулите на телото затоа што се исцрпува кога ќе се користи. Слично на тоа и нашата способност за носење квалитетни одлуки се намалува како што се ближи крајот на денот. Имено, што повеќе одлуки донесете, толку е понизок нивниот квалитет и волјата е послаба. Затоа, прво што мора да направите наутро се битните и потешки обврски, затоа што ако не ги направите тогаш, веројатно воопшто нема да ги направите затоа што до крајот на денот ќе бидете исцрпени. Ако секој ден правите барем само еден чекор кон остварување на своите големи цели, ќе сфатите дека тие цели не се толку далеку затоа што сите битни работи сте ги направиле тогаш кога сте имале најголема снага и волја и сте биле најфокусирани.

Сподели!
- Advertisement -