„Изнајмете Финец“ летово и научете како да бидете среќни!

- Advertisement -

Во текот на три дена летово локални домаќини во Финска на луѓето ќе им покажат зошто оваа земја е најсреќна во светот. Во текот на изминатите две години Финска е прогласувана за најсреќна земја во светот. Финците се релаксирани и весели, уживаат во живот со напредна технологија, без многу стрес. Тие тоа главно го препишуваат на нивната блиска врска со природата и инстиктот да излезат надвор секогаш кога ќе почувствуваат анксиозност.

Кога другите луѓе одат на психотерапија, Финците облекуваат еден пар гумени чизми и одат во шума. Звучи одлично, нели? Е па сега сите ќе можат да искусат како е да се живее така благодарение на финските „водичи за среќа“. Проектот наречен „Изнајми Финец“ (Rent A Finn), организиран од организацијата Visit Finland ви овозможува да престојувате во фински семејства три дена во текот на летото и да искусите како живеат Финците и зошто се толку среќни. Сите трошоци за патување и за престој се покриени, но мора да го снимате целото свое искуство.

- Advertisement -

Како гостин ќе имате прилика да посетите национален парк, да поминете еден викенд рибарејќи, да берете бобинки во шума, да уживате во вистинска финска сауна. Односно, ќе можете да искусите се што сакаат да прават Финците во природа и да доживеете се што ја прави Финска најсреќната земја во светот.

Како да станете еден од среќните луѓе кои ќе ја посетат најсреќната земја во светот? Пополнете ја онлајн апликацијата и снимете триминутно видео во кое се опишувате себеси, вашиот однос кон природата и зошто сакате да ја посетите Финска. Поднесете ја апликацијате, спакувајте го куферот и чекајте позитивни вести.

- Advertisement -

Повеќе информации, како и формуларот за пополнување можете да најдете на следниот линк: https://rentafinn.com/en/Пријавувањето трае до 14 април.

Сподели!
- Advertisement -