Лиценцираниот софтвер е инвестиција, а не трошок за фирмите

- Advertisement -

Легалниот софтвер пред сѐ подразбира сигурност. Штом сме на интернет сите сме отворени и ранливи. Секое електронско плаќање подразбира врата низ која сајберкриминалците може да ни влезат во документацијата на фирмата и да направат незамислива штета

Користењето на лиценциран софтвер секогаш подразбира бројни предности во однос на нелегалниот. Прво, од аспект на законско работење, почитување на туѓата интелектуална сопственост, па се до потребата од сообразување со европските и светски пракси на работење и онлајн безбедност.

Да тргнеме од тоа дека се намалуваат трошоците. Со купување преку договори, многу фирми можат да ги намалат трошоците за софтверот што го купуваат. Исто така, вкупната цена на операциите со текот на времето може да се намали додека организацијата станува рационализирана и стандардизирана за да ги оптимизира техничките барања за поддршка, ефикасност на мрежата и целокупната ефикасност на софтверот.

- Advertisement -

„Факт е дека лиценцираниот софтвер поддржува куп алатки кои го олеснуваат работењето, ја подобруваат ефикасноста и го унапредуваат меѓусебното поврзување на сите работни места“, вели Љупчо Георгиев, Мајкрософт менаџер за Македонија.

- Advertisement -

Легалниот софтвер пред сѐ подразбира сигурност. Штом сме на интернет сите сме отворени и ранливи. Секое електронско плаќање подразбира врата низ која сајберкриминалците може да ни влезат во документацијата на фирмата и да направат незамислива штета. Поседувањето софтвер што е апдејтиран и легален значи максимална безбедност на податоците.  Фирмите не треба да го гледаат лиценцираниот софтвер како трошок туку како инвестиција. Ако им се случи еден криминален упад во системот, може да ги чини 10 пати повеќе финансиски но, од аспект на непаричната штета и изгубено време, може да биде непоправлив удар врз работењето и кредибилитетот на компанијата.

Врвна безбедност  и ефикасна одбрана од сајбер напади е неопходност во услови кога голем дел од бизнис трансакциите се случуваат онлајн. Мајкрософт инвестира преку една милијарда долари секоја година во истражување и развој за да им овозможи безбедност на своите клиенти во приватниот и јавниот сектор. Брзите промени на мрежата, зачестеноста, различните облици и високата софистицираност на сајбер-нападите, наметнуваат потреба од постојано унапредување на мерките за безбедност со цел компаниите да можат да работат, растат и се развиваат во безбедно онлајн опкружување. Кога зборуваме за раст и развој, знаејќи го софтверот што една фирма го има сега, каде и што најдобро може да се искористи и што ќе ѝ треба во иднина, овозможува да се донесат информирани стратешки, тактички и оперативни одлуки.

- Advertisement -

 

„Знаејќи дека користите оригинални производи со сите нивни придружни бенефиции лесно и безбедно може да ја трансформирате и наградувате вашата инфраструктура. При секоја промена на инфраструктурата многу едноставно се вклопува новата опрема во постојната конфигурација без прекини на работниот тек. Во случај на изгубен лаптоп едноставно си ги повлекувате податоците содржани на тој уред . Од аспект на анализа на податоци и генерирање на заклучоци со тек на време предностите на лиценцираниот софтвер ќе станат императив, нешто без што не се може и без што нема да можете да комуницирате со останатиот бизнис свет“,  истакнува Георгиев.

 

Едноставно кажано користењето на лиценциран софтвер овозможува: минимизирање на загубата на податоци, измамите и прекините во работата.

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -