Забраната за автомобили со постари дизел мотори во германскиот град Штутгарт, која беше донесена по минатогодишната судска пресуда, ќе стапи на сила во понеделник.

,,Забраната ќе важи и за сопствениците на автомобили кои живеат во тој град”, соопштија градските власти.

- Advertisement -

Претставниците на градската администрација рекоа дека на возилата со мотори кои не ги исполнуваат стандардите за емисија на Еуро 4 ќе им биде забрането да се движат или да се паркираат во градот, објави Танјуг.

Со забраната нема да бидат опфатени возилата со мотори кои задоволуваат Еуро 5 стандарди за емисија, но конечната одлука ќе биде донесена по тестирањето на емисијата на штетни гасови кон средината на годинава.

- Advertisement -

Сојузниот управен суд во Германија минатата година одлучи дека градовите во оваа земја можат да забранат возење на дизел автомобили во рамки на борбата против загадувањето на воздухот.

RadioMOF