„Патот до здрави заби“: Четко ве кани на нова дружба во Capitol Mall

- Advertisement -

 

Главниот јунак на „Патот до здрави заби“ Четко Четковски, ве повикува на нова дружба. Овој пат дружбата ќе се одржи на 6 април во Capitol Mall од 12 до 14:00 часот. Настанот ќе биде исполнет со игри, едукативни лекции за правилна орална хигиена и мноооогу подароци.

Колку темелно треба да ги четкате запчињата за да ги отстраните бактериите? Кои лекции треба да ги знаете за да имате блескава и сјајна насмевка како на Четко? Одговорот на овие прашања ќе го дознаете преку игрите што Четко и брендот за орална хигиена Лакалут ги подготвија за посетителите на настанот што ќе се одржи во Capitol Mall на 6 април. „Плочка“, „Плак тест“ и „Фигури“ се игрите преку кои Четко ќе го пренесе своето знаење на присутните, а сите оние што ќе учествуваат ќе добијат подароци!

- Advertisement -

На настанот ќе биде присутен и стоматолог кој ќе дели бесплатни совети за правилна нега и хигиена на забите кај децата.

Дојдете да учиме, забавуваме и да се наградуваме!

- Advertisement -

Кампањата „Патот до здрави заби“ која годинава го прославува својот петти јубилеј е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата, Натусана континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.

Сподели!
- Advertisement -