Huawei претстави технологија која детектира рана слабовидност кај децата

- Advertisement -

Технологијата за вештачка интелигенција и смартфон технологијата на Huawei ќе се користат во очните клиники во светот во партнерство со водечки офталмолошки институти. Huawei  во соработка со водечки медицински организации разви експертиза за да помогне во заштитата на здравиот вид кај децата.

Заедно со IIS Aragon и DIVE Medical тие го развија Track AI, решение кое ги користи напредните можности на вештачката интелигенција за да се забележат и да се дијагностицираат раните знаци на слабовидност кај децата.

- Advertisement -

Светската здравствена организација проценува дека во светот од слабовидност боледуваат 19 милиони деца, а во 70% до 80% од случаите проблемот можел да се излечи или да се превенира. Во најголем дел од случаите кај децата овој проблем не се дијагностицита, а резултатот се сериозни последици по нивниот вид, општиот развој, образованието и социјалните прилики. Помалку сериозните форми на слабовидност кои лесно може да се превенираат моментално погодуваат 12,8 милиони деца.

За да се дијагностицира слабовидноста софтверот на DIVE се врти на екранот на Matebook E и го следи секое движење на очите на пациентот додека пациентот гледа во стимулатор создаден за тестирање на различни аспекти од визуелните функции. Собраните податоци потоа за движењето на очите потоа се обработуваат на Huawei P30 Pro со помош на Huawei HiAI алгоритмот наменет за идентификација на потенцијални индикатори на слабовидност.

- Advertisement -

Слабовидните деца имаат поинакву движења на очите од децата со здрав вид, па DIVE може прецизно да собира податоци за движењата на околото со помош на визуелни стимуланси, но интерпретацијата на податоците може да биде захтевна за тие кои не се експерти или не работат во здравството. Со помош на вештачка интелигенција компјутерите може да се научат како да ги забележуваат абнормалните движења на очите за полесна проверка и помош при дијагностицирање.

Track AI на паметните телефони е пренослив, нема потреба од Wi-Fi и прима податоци во релано време за да се забрза дијагностицирањето.

Сподели!
- Advertisement -