Една третина од енергијата во светот доаѓа од обновливи извори

- Advertisement -

По многу години напорна работа и посветеност, една третина од вкупната енергија произведена во светот е добиена од обновливи извори. Интернационалната агенција за обновлива енергија (IRENA) го објави најновиот извештај, кој покажува голем раст на енергијата од ветар и од сонцето, што придонело за промените на полето на индустријата за енергија во светот.

Што се однесува на капацитетот на обновлива енергија на глобално ниво, тој е различен на различни локации. Во Азија, на пример, има пораст на обновливата енергија за 11%, додека во Африка тој пораст е 8,4%. Земјите во развој предводат во поглед на количината произведена енергија од обновливи извори.

- Advertisement -

Обновливата енергија зема голем замав изминатите пет години, а бројките кои ги објави IRENA покажуваат дека тоа темпо нема да забави. Додека ова е позитивен знак за во иднина, оттаму веруваат дека мора уште повеќе да се забрза темпото доколку сакаме да ги достигнеме глобалните климатски цели.

- Advertisement -

Новата технологија е движечката сила зад овој подем. Но, не е само технологијата тоа што ги прави достапни обновливите енергетски извори, туку само го олеснува пристапот до нив. Тука спаѓаат енергијата од ветрот и од Сонцето, кои имаат најголемо учество во вкупно произведената енергија во 2018 година. Енергијата од ветрот минатата година забележа раст од 49%, додека соларната енергија е предводник со пораст од 94 GW.

Иако хидроенергијата се уште е најголем извор на обнловлива енергија, во изминатите години има мал пораст на количината ваква енергија. Други обновливи извори кои земаат замав се биоенергијата, која има најголем раст во Кина и во Обединетото Кралство, како и геротермалната енергија, која најмногу е застапена во Турција, Индонезија и во САД.

- Advertisement -

Со оглед на брзиот раст на обновливата енергија, активистите за заштита на природата се надеваат дека овој тренд ќе продолжи и наредните децении. Ако се повеќе земји инвестираат во обновлива енергија, во текот на наредниот век ќе можеме да постигнеме одлични резултати во намалувањето на глобалната емисија на јаглерод диоксид.

Сподели!
- Advertisement -