ЕУ до 2030 година ќе ја намали емисијата на CO2 од автомобилите за 37,5%

- Advertisement -

По тешки преговори, од Европската комисија соопштија дека преговарачите од земјите од ЕУ и Европскиот парламент се договорија дека до 2030 година ќе ја намалат емисијата на јаглерод диоксид од новите автомобили за 37,5%. Овој политички компромис, кој треба да добие официјална потврда од министрите на ЕУ и Европскиот парламент, кој треба да одржи пленарно заседание, доаѓа два дена по завршувањето на Глобалниот климатски самит COP24 во Катовице, Полска, на кој меѓународната заедница не успеа да се договори за новите амбиции во борбата со климатските промени.

Постигнатата спогодба е на половина пат меѓу ставот на земјите-членки, кои се конзервативни, и ставот на Парламентот. Исто така е построга од предлогот на Европската комисија. Преговарачите се договорија дека до 2030 година ќе ја намалат емисијата на CO2 za 37,5% во однос на 2021 година. Европското извршно тело предложи 30%, а Европскиот парламент 40%. Автомобилската индустрија се раздвижи во текот на целиот процес на носење на одлуката, предупредувајќи на опасноста од губење работни места.

Сподели!
- Advertisement -