Франција усвои закон за оданочување на технолошките гиганти

- Advertisement -

Францускиот парламент усвои закон за оданочување на технолошките гиганти како што се Google, Apple, Amazon и Facebook и покрај критиките од САД. Новиот закон предвидува воведување данок од 3% за компаниите чии глобални приходи надминуваат 740 милиони евра, од што повеќе од 25 милиони евра се приходи генерирани во Франција.

Ќе се оданочуваат и надоместоците кои интернет-платформите ги наплаќаат за посредување при продажба, како и нивните приходи од огласување и од продажба на кориснички податоци. Компаниите кои преку Интернет директно им ги продаваат своите производи на купувачите нема да подлегнат на обврската да го плаќаат новиот данок.

- Advertisement -

Предлогот за новиот закон беше усвоен со 55 гласови „за“ и 4 воздржани. При презентацијата на законот во собранието министерот за финансии, Бруно ле Мер, истакна дека Франција е првата земја која го воведува овој данок, убедени се дека овој пример наскоро ќе го следат и многу други земји.

Шпанија исто така има намера да воведе данок од 3% за технолошките компании, а Австрија минатата недела најави дека оданочувањето кај нив ќе биде по стапка од 5%. Германско-француската иницијатива за воведување сличен данок во ЕУ доживеа неуспех поради противењето на земји како Ирска, Данска и Шведска. Европската комисија во март минатата година процени дека дигиталните компании како Facebook, Amazon и Google ефективно плаќаат даноци по стапка од 9,5%.

Сподели!
- Advertisement -