Оваа електронска кожа го следи вашето здравје. Истражувачи од Универзитетот на Токио создадоа растеглив дисплеј кој може да се носи на телото како како втора кожа. Ова откритие се вика нано мрежести електроди затоа што вештачката кожа е десет пати потенка отколку клетките на вистинската кожа.
Се што треба да направите е да ја залепите на дланката или на зглобот на раката и вендаш почнува да ги следи биометриските податоци на вашето тело. Сензорите кои се наоѓаат во кожата ги собираат податоците и ги испраќаат до облак, каде што докторите можат да го следат вашето здравје каде и да се наоѓате.
Вештачката кожа може да се носи максимум седум дена пред да почне да предизвикува иритација. Научниците се надеваат дека ќе успеат да почнат да ја продаваат оваа иновација на пазарот за три години отсега.
Light-up displays attach to your skin and monitor your health
This electronic skin can track your health and remind you to take your medication 💊😱
Posted by In The Know Wellness on Петок, 12 април 2019