Недоволното спиење може буквално да ве убие

- Advertisement -

Недостигот од сон може да има сериозни последици врз вашиот мозок, но и врз целото тело. Многумина мисла дека без проблем можат да издржат еден ден со помалку од 7 до 9 часа сон – колку што докторите препроачуваат за возрасна личност – или пак поради работа или семејни обврски мора да спијат помалку од тоа.

Меѓутоа, само некои луѓе можат да функционираат нормално по неколку часа сон, додека на другите им требаат 11 часа сон за да се чувствуваат наспано или подготвени за денот. Без оглед на навиките кои ги има вашето тело, недоволното спиење секако може да предизвика проблеми со псохичкото и физичкото здравје.

- Advertisement -

Само некои од последиците од недоволното спиење се потврдени со бројни истражувања. Тоа се зголемениот ризик од појава на одредени видови тумор, понатаму зголемениот ризик од заболување од неколку видови рак како што е ракот на дојка или на дебело црево. Ако спиете недоволно, кожата потешко се опоравува од оштетувањата и побрзо старее. Според истражување на Универзитетот Висконсин, пак, лошиот квалитет на сонот е поврзан со хронични кожни проблеми, како и потешко опоравување на кожата од изгореници или некое друго оштетување.

Поспаноста, пак го отежнува учењето нови работи. Со овој проблем главно се соочуваат децата на училиште или студентите, но поспаноста влијае и на краткотрајното памтење кај возрасните. Неколку истражувања открија дека недостигот од сон кај возрасните создава тешкотии при сеќавањето на зборови и увжбувањето нови вештини.

- Advertisement -

Постојат и многу докази дека недостигот од сон има негативно влијание на срцето. Едно истражување во кое испитаниците се држеле будни 88 часа покажало дека кај сите се јавува покачен крвен притисок, дури и кај тие на кои им било дозволено да отспијат четири часа. Кај испитаниците на кои им било дозволено да спијат 8 часа немало такви проблеми.

Ако малку спиете, и вашите реакции ќе бидат забавени. Истражувањата покажуваат дека спортистите имаат полоши резултати и значително побавни реакции кога се уморни. Подолготрајниот недостиг на сон или дури една ноќ со несоница може да ја спречат природната одбрана на организмот од инфекции. Недоволното спиење може да влијае и на вашата способност нормално да комуницирате, исто како кога ќе се напиете некоја чаша алкохол.

- Advertisement -

Научниците уште не се сигурни зошто недостигот од сон доведува до главоболка, но поврзаноста меѓу главоболката и недоволното спиење е позната повеќе од 100 години. Мигрените може да бидат поттикнати од непроспиена ноќ, а едно истражување открило дека 35%-38% од испитаниците имале необјаснета утринска главоболка ако спиеле помалку од 7 часа.

Сподели!
- Advertisement -