Навиките за спиење на миленијалците ја менуваат работната средина

- Advertisement -

Постојат доста мислења за тоа колку време спијат миленијалците, но најголем дел од нив се согласуваат дека спијат многу повеќе отколку порано. На пример, истражувањето на Американското биро за статистика на трудот покажа дека миленијалците просечно спијат 25 минути подолог секоја вечер. Во споредба со други генерации, миленијалците сепак не се толку лоши колку генерацијата X. Сепак, меѓу миленијалците постојат повеќе нивоа на стрес со што се доведува во прашање квалитетот на нивниот сон.

Има неколку објаснувања за зголемениот број часови поминати во спиење и за почеток тоа може да се припише на трет фактор кој не е поврзан со професионалните навики. Имено, поради се поголемата стапка на невработеност кај генерацијата Y се зголемува и времето поминато во спиење. Сите невработени добиваат неколку часа сон плус, а тоа влијае на вкупниот просек.

- Advertisement -

Добро е познато дека миленијалците повеќе од претходните генерации сакаат флексибилност, пауза и време за да се посветат на личниот развој. Со истакнувањето на потребата за време за себе, а помалиот фокус на времето поминато на работа миленијалците дозволуваат да имаат повеќе време за спиење.

 

- Advertisement -

Освен тоа, секојдневното користење на технологијата делумно може да биде одговорно за поголемиот број часови поминати во спиење. Но, која е користа ако спиеме подолго? Имено, подолгото спиење ги подобрува нашите когнитивни способности. Добро наспаните луѓе се подобри во создавањето краткотрајно и долготрајно паметење, способни се да вршат посложени ментални задачи и имаат подобри рефлекси.

Исто така, луѓето кои на работа се појавуваат наспани помалку се подложни на стрес, поефикасни се и за исто време завршуваат повеќе задачи. Освен само користа на работа, ако не достигнеме доволно саати сон, се зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, како и неколку хронични заболувања.

- Advertisement -

Миленијалците денес се една од најмногубројните работни генерации и се повеќе можеме да ги видиме на истаканти водителски позиции во организациите, а според одделни истражувања, со своите навики на спиење може да влијаат врз врсниците, но и врз сите идни генерации.

Сподели!
- Advertisement -