Тајланд успеа за период од само 10 години да им обезбеди здравствено осигурување на сите свои жители. Нивниот пример е толку успешен што други земји сакаат да го копираат нивниот модел. Пред 2001 година една петтина од населението во земјата дошло на работ на сиромаштија поради трошоците за здравствено осигурување.
Во текот на 2000 година 17.000 деца помали од пет години умреле од инфекции, а една четвртина од населението немало здравствено осигурување. Во 2001 година Тајланд воведе систем за универзална здравствена заштита и за само неколку години ја трансформираше земјата. До 2011 година со здравствено осигурување беа покриени 98% од жителите.
Претходно луѓето морале да им плаќаат на докторите секогаш кога ќе појдат во болница. Сега владата ги користи приходите од даноците за да ги финансира болниците и платите на медицинскиот персонал за обичните луѓе да не мора да се грижат. Докторите дури добиваат еден вид субвенции од државата ако појдат да работат во рурални средини.
Сепак, системот уште се соочува со предизвици. Во државните болници има големи гужви и тешко се обезбедува медицинска нега за тешко достапните предели. Во секој случај, постигнатиот успех е импресивен. Повеќе сиромаштијата не е број еден причина за смртност кај децата, а семејствата не мора да трошат огромни суми пари за лекување. Како резултат на тоа се помалку луѓе одат на работа кога се многу болни.
Сега други земји сакаат да го следат нивниот пример. Тајланд склучи партнерство со Кенија за да го сподели своето знаење бидејќи киениската влада планира да воведе универзална здравствена заштита до 2022 година. 400 милиони луѓе во светот немаат здравствено осигирување.
Thailand gave its entire population healthcare in 10 years
It has transformed the country since the introduction of a universal healthcare system in 2001. 🔎 Learn more about infectious diseases: https://wef.ch/2Io98fA
Posted by World Economic Forum on Понеделник, 15 април 2019