Само 51% од индивидуалните корисници во САД на возраст од 13 до 17 велат дека користат Фејсбук , што е драматично помалку од претходните од 71% во 2015 година, покажува истражувањето.

Во студијата за оваа година, „Пју“ објави дека Фејсбук се користи, „значително помалку“,  од процентот на тинејџери кои се изјасниле дека користат Јутјуб  (85%), Инстаграм (72%) или Снепчат (69%). Во претходната студија, само 52% од тинејџерите велат дека го користеле Инстаграм, додека 41% изјавиле дека го користеле Снепчат. Јутјуб не бил вклучен во истражувањето во 2014-2015 година.

- Advertisement -

Користењето на ФБ е поголемо кај тинејџери кои се од посиромашни семејства, во споредба со оние од побогатите. Кога биле прашани која од онлајн платформите најмногу ја користат само 10% изјавиле дека тоа е Фејсбук. Триесет и пет проценти се изјасниле за Снепчат, 32% за Јутјуб и 15% за инстаграм, кој пак е во сопственост на Фејсбук.

„Повторно, кај тинејџерите со пониски приходи има далеку поголеми шанси од оние со повисоки семејни приходи да кажат дека Фејсбук е најкористената онлајн платформа. Тие ја користат најчесто (22% наспроти 4%),“ се вели во извештајот, насловен „Тинејџери, социјални медиуми и технологија 2018“.

- Advertisement -

Има одредени разлики кои се поврзани со родот и етничката припадност. Кај девојките имаа поголема веројатност да го идентификуваат Снепчат како најкористена мрежа (39% наспроти 25%). Тинејџерите црнци за разлика од своите врсници белци почесто го бираат Фејсбук за најкористена платформа (26% спроти 7%), додека кај белците тинејџери (41%) има поголема веројатност да го изберат Снепчат за најкористена платформа во споредба Латиноамериканците (29% ) или тинејџерите црнци (23%).

- Advertisement -

(Радио МОФ)