Швајцарската компанија Energy Vault Inc, со седиште во Лугано, Швајцарија, која произведува производи за складирање обновлива енергија, ја доби наградата World Changing Idea 2019 во категоријата Енергија за своето иновативно решение налик на кула за складирање енергија.
Револуционерната технологија на Energy Vault е инспирирана од хидроцентралите кои се потпираат на гравитацијата и на движењето на водата за да складираат и да ослободуваат енергија. Решението на оваа компанија е базирано на истите основи кои се користат во тие хидроцентрали, но водата ја заменува со посебно направени бетонски блокови со иновативна примена на евтини материјали.
Големите блокови се комбинирани со патентираниот систем на Energy Vault и софтверот базиран на алгоритам за управување со новиот кран, кој го калибрира складирањето енергија и ослободувањето енергија додека исторемено зема предвид разни фактори како снабдувањето со енергија, променливоста на побарувачката и временските услови.
Блоковите имаат цилиндрична форма и се редат една врз друга. Кога ќе се растура кулата, кинетичката енергија од блоковите што паѓаат се претвора во електрична. Посебно дизајниран софтвер за контрола се грижи блоковите секогаш да се поставуваат на вистинско место. Системот е модуларен и флексибилен. Секоја ваква кула има капацитет од 10 до 35 мегават-часови, а аутпут од 2 до 5 мегавати.