Европскиот парламент го усвои правилото на еден час

- Advertisement -

Европскиот парламент го подржа извештајот за компаниите кои нудат интернет услуги и ги злоупотребуваат своите платформи за ширење терористички содржини. Според предлогот, тие компании кои системски не го почитуваат новото правило може да бидат казнети со до 4% од нивниот промет. Но, нема да бидат обврзани да ги следат содржините кои ги пренесуваат и ги складираат, ниту мора активно да бараат објави кои укажуваат на незаконска активност.

Дури откако компании како Facebook или YouTube ќе примат налог од надлежно национално тело поради содржините кои ги пренеле нивни корисници, тие ќе имаат еден час за да ги отстранат тие содржини. Ако компанијата прими значителен број налози за отстранување, властите можат да побараат компанијата да преземе дополнителни мерки како што е редовно известување на надлежните тела или зголемување на човечките ресурси.

- Advertisement -

Од Европскиот парламент велат дека пропагандата на Интернет навистина може да се поврзе со вистински терористички инциденти. „Секое ново законодавство мора да биде практично и рамзерно ако сакаме да ја зачуваме слободата на говорот затоа што без праведна постапка постои ризик да се отстранат и премногу соджини со оглед на тоа дека безбедноста на претприемачите е на прво место.

За да им се помогне на помалите компании застапниците одлучија надлежно тело да ги контактира компаниите кои никогаш не примиле налог за отстранување содржини за да им дадат информации за постапките и роковите најмалку 12 часа пред издавањето на првиот налог.

- Advertisement -

Законот се однесува на кој било текст, фотографија, аудиозапис или видеозапис кој поттикнува или придонесува за извршување на терористички казнени дела, дава упатства за вршење такви дела или бара учество во активности на терористички организации, како и на содржините кои нудат насоки за тоа како да се произведат и да се користат експлозиви, огнено оружје и друго оружје во терористички цели.

Собранието идната недела ќе гласа за законот, а новиот состав на парламентот, кој ќе биде формиран после европските избори, ќе води преговори со собранието за конечниот облик на новиот закон.

Сподели!
- Advertisement -