Том Гудвин, директор на иновации во една од најголемите медиумски агенции во светот е новиот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијатаТом Гудвин (Tom Goodwin). Гудвин е заменик извршен директор и директор на иновации во Zenith Media, една од најголемите медиумски агенции во светот, каде што со својата работа влијае на иднината на глобалната индустрија за огласување.

Гудвин се занимава со проучување на дигиталните технологии, промена во однесувањето на луѓето и новите платформи, за да може да креира и да имплементира решенија кои на неговите клиенти ќе им овозможат да ги искористат можностите кои ги нуди дигиталната доба. Во својата работа често се наоѓа во улога на „адвокат на ѓаволот“ и ја коментира индината на индустријата за огласување, маркетинг и бизнис, поради што го следат и го цитираат светски реномирани публикации како што се „Economist“ и „The New York Time“. Гудвин, исто така, е автор на книгата со наслов „Дигитален Дарвинизам“ („Digital Darwinism“), која има за цел да ги адресира погрешните претпоставки кои компаниите ги имаат за дигиталните технологии, нуди конкретни стратегии кои на компаниите можат да им помогнат во процесот на дигитална трансформација и да претстават начин на размислување кој на компаниите може да им помогне да се подготват за предизвиците од иднината. Гудвин е прогласен за највлијателен мислител во областа на маркетингот и социјалните медиуми од страна на LinkedIn, најголемата интернет-мрежа за бизнис-професионалци во светот. Исто така, прогласен е за еден од „30 луѓе кои мора да ги следите на Twitter“ од страна на списанието „Business Insider“ и за „личност која мора да ја следите“ од страна на списанието „Fast Company“. Гудвин се појавува како главен говорник на конференции ширум светот, а неговите трудови може да се најдат во глобални публикации како „Guardian“, „TechCrunch“, „Forbes“, „AdAge“, „Adweek“, „Marketing Week“, „Inc.“, „Digiday“ и „World Economic Forum“.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на четворица годинашни говорници – тоа се Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината); Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите); Кејт Мурден (основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување) и Питер Шенкмен (автор на пет бизнис бестселери, експерт на полето корисничко искуство и сериски претприемач). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 250 евра до 14 мај. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

- Advertisement -

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -