Членовите на Владата на Србија го усвоија заклучокот за усвојување на текстот на Договорот за економско-техничка соработка меѓу владата на Србија и владата на Кина во рамките на иницијативата „Појас и пат“ (“Pojas i put”). На седницата беше усвоен и Заклучокот за потпишување Меморандум за разбирање за развој на проектот „Паметни градови“ во Србија меѓу владата на Србија и компанијата Huawei techonologies Co, Ltd..
Целта на потпишувањето на тој документ е развој на стратегија за паметни градови преку позиционирање на компанијата Huawei како стратешки партнер за градови и локална самоуправа како Белград, Ниш, Нови Сад и останатите.
„Со заедничка работа преку меѓусебна размена на информации ќе се обезбеди платформа за развој на локалниот потенцијал и изградба на локален екосистем на полето дигитална трансформација во јавниот, финансискиот, орбазовниот и енергетскиот сектор, како и на полето на сообраќајот“ велат од владата на Србија.
Како посебна цел на соработката наведено е отворање на Huawei центарот за иновации за дигитална трансформација (Huawei Innovation Center for Digital Transformation) како регионален центар за Западен Балкан со седиште во Белград.