Холандија направи распеан автопат за да ги држи возачите будни

- Advertisement -

Ако поминувате по автопатот покрај малото холандско место Јелсум немојте да се изненадите кога ќе сфатите дека се возите по музикален пат кој свири химна на регионот Фризија. Новоста е осмислена за патувањето по монотоната рамница да се направи повозбудливо за патниците и за возачите да не заспијат. Токму затоа по должината на целиот пат се поставени вибрациски ленти, пренесува 24sata.

Сепак, автопатот кој свири предизвика револт кај мештаните. кои велат дека непрекинатото свирење на автопатот ги доведува до лудило. Музиката се активира која автомобилските тркала ќе поминат преку лентите и притоа предизвикуваат тактилна вибрација.

- Advertisement -

Кога возилото се движи со дозволена брзина од 60 км/ч, патот постојано ја свири химната на северната холандска покраина, која има посебен јазик и култура. Но, мелодијата е многу гласна и со оглед на тоа дека звукот патува низ воздухот, мештаните се пожалија на властите дека музикалниот пат создава бескрајна какофонија, која ги држи будни и по цели ноќи.

Сподели!
- Advertisement -