Кинеските компании најмногу инвестираат во Велика Британија, Германија, Италија и во Франција

- Advertisement -

Кинеските инвестиции во држави од Европската унија во последните десет години нагло пораснаа, а Европската комисија неодамна Кинезите ги нарече системски ривал и стратешки конкурент. Европската унија воведе и нов механизам за надзор над странските инвестиции за да може да реагираат ако проценат дека странските инвестиции можат да и наштетат на безбедноста на земјите-членки.

Според извештај на ЕК, третина од вкупниот имот во ЕУ е во сопственост на странски компании, а 9,5% од компаниите во Европа имаат сопственици со седиште во Кина, Хонгконг или Макао. Во споредба со 2007 година, кога тој удел изнесувал само 2,5%, станува збор за значитетелен раст, иако она што го поседуваат кинеските компании е само мал дел од европскиот бизнис. За споредба, на крајот на 2016 година Американците и Канаѓаните контролирале 29% од компаниите во ЕУ.

- Advertisement -

Кинеските инвестиции го достигнаа својот врв во 2016 година, кога изнесуваа 37,2 милијарди евра, по што следуваше забавување. Тоа главно е резултат на построгата контрола над капиталот кој доаѓа од Кина, но и на промените на глобалната политичка сцена која се во прашање кинеските инвестиции.

Но, каде најмногу инвестираат Кинезите?

- Advertisement -

Од 2000 до 2008 година најмногу инвестирале во најмногу европски компании од Велика Британија, Германија, Италија и Франција. На листата со топ 10 се најдоа и Холандија, Финска, Шведска, Португалија, Шпанија и Ирска. Притоа, Кинезите  според минатогодшната анализа на Bloomberg во своја сопственост држат или имаат сопственички удел во четири европски аеродроми, шест пристаништа и 13 фудбалски клубови.

 

Сподели!
- Advertisement -