Пицата е поздрав појадок од житарките?!

- Advertisement -

Доколку го почнувате утрото со чинија житарки, имаме лоши вести за вас. Најголем дел од житарките содржат многу шеќер и навистина не се најдобриот начин да го почнете денот. Еден нутриционист дури предлага своите житари наутро да ги замените со парче пица и ќе добиете поздрав оброк.

Челси Амер, нутриционистака од Њујорк, вели дека едно парче пица содржи повеќе масти и помалку шеќер отколку најглем дел од житарките, па нема телото да ви бара уште повеќе шеќер веднаш после појадокот. На пример, една шолја од житарките Raisin Bran има 18 грама шеќер (дневно препорачаната доза за жени е 25 грама) и нула здрави масти.

- Advertisement -

Мар посочува и дека пицата има повеќе протеини отколку житарките, па подолго време ќе ве држи сити и нема да грицкате нездрави работи помеѓу оброци. Но, пред да нарачате една семејна пица за појадок, битно е да знаете дека пицата, сепак, не е исклучително здрав оброк и не треба секој ден да посегнувате по неа

Доколку навистина сакате да го почнете денот со здрава храна, земете јогуст со овошје или направете овесна каша со цимет и овошје.

- Advertisement -

Дури и остатоците од вчерашната вечера со прилог зеленчук се поздрав оброк отколку житарките преполни со шеќер. Особено ако е балансиран оброк на бело месо со зеленчук или стек со леќа или грашок со малку киноа“ вели таа.

Ако се возбудивте од помислата да јадете пица за појадок, барем направете некоја максимално здрава варијанта со многу протеини како јајца, сланина, сирење и спанаќ.

Сподели!
- Advertisement -