ВИДЕО: Седум факти за штетното влијание на модата врз планетата Земја

- Advertisement -

Од видеото во прилог можете да видите седум неверојатни факти како модата, односно брзата мода и наштетува на нашата животна средина. Најпрвин, брзата мода е одговорна за 10% од емисијата на штетни гасови во атмсоферата. Тоа значи дека произведува повеќе стакленички гасови отколку авиоиндустријата и транспортната индустрија заедно.

Секоја секунда се истура еден камион полн со фрлена облека на депонија или се пали. Од сите парчиња облека кои се продаваат во текот на годината, 3 од секои 5 купени ги фрламе. Перењето на едно парче облека од синтетички материјали испушта 2.000 пластични микровлакна, кои потоа завршуваат во океаните, а оттаму со синџирот на исхрана.

- Advertisement -

Потребни се 2.700 литри вода за да се направи една памучна маичка. Тоа е истата количина вода која еден човек ќе ја испие за 2,5 години. Со производството и перењето на еден пар фармерки се испушта истата количина јаглерод диоксид како да сте возеле со автомобил 111 км.

Секоја година се сечат 120 милиони дрвја за производство на облека. 30% од вискозата и вештачката свила доаѓаат од загрозени шуми или од прашуми. До 16% од пестицидите кои се користат во светот се користат за одгледување на памукот. Тие хемикалии ја уништуваат почвата и ја загадуваат водата, но ги трујат и берачите на памукот.

- Advertisement -

Сите можеме да помогнеме да се намалат штетните ефекти на брзата мода врз животната средина така што ќе купуваме помалку облека, ќе избираме облека од природни материјали и ќе го рециклираме тоа што е за фрлање.

Here are 7 eye-opening facts about how fashion harms the environment

A clothing-based climate catastrophe. 📕 Read more: https://wef.ch/2BOXjek

Posted by World Economic Forum on Вторник, 23 април 2019

Сподели!
- Advertisement -