ВИДЕО: BeBot е робот специјално дизајниран за чистење на пластиката од плажите

- Advertisement -

Плажите во целиот свет се преполни со отпад. Ако луѓето не го собираат сами отпадот, можеби е време да побараме помош од роботи. Компанијата 4Ocean заедно со Poralu Marine го создадоа BeBot – робот специјално дизајниран за чистење на отпадот од плажите.

Од 4Ocean се надеваат дека со помош на оваа машина загадените екосистеми ќе добијат шанса да преживеат и буквално да оживеат.

- Advertisement -

BeBot е дизајниран да може да исчисти 3.000 m2 плажа за само еден час. Рботот може да собира отпад и мали пластични парчиња на длабочина до 10 см во песокот. Со него управува човек кој може да го контролира на растојание до 300 метри.

Роботот во себе има две електрични батерии и соларни панели кои ги полнат. Не користи гориво за да се движи, што значи дека не испушта штетни гасови или течности кои би и наштетиле на околината.

- Advertisement -

Кога ќе се наполни садот за отпад во роботот, корисниците можат да го испразнат на специјално одредена локација. Сепак, машината не прави разлика меѓу материјалите од кои е направен отпадот што го собира, па некој ќе мора да го селектира отпосле.

BeBot е поделен на два дела – мобилен робот и механизам за сеење на песокот кој го влече позади себе. Корисниците можат да го откачат делот за сеење и да го користат роботот за влечење на приколка, џет ски и други уреди.

- Advertisement -

Овој робот за чистење на плажите не е наменет за лична употреба, иако изгледа како нешто што секој би посакал да го има. Од компанијата која го создаде велат дека BeBot ќе биде одлична алатка за чистење на хотели, општини, организации за заштита на природата, терени за голф и сл.

(4Ocean)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -